македонски

Информации на македонски јазик

Victorian Electoral Commission (VEC) ги води:

  • државните избори во Викторија
  • локалните општински избори во Викторија
  • избори за други организации.

Дали треба да се запишам?

Мора да се запишете и да гласате на адресата на која живеете. Мора:

  • да сте австралиски државјанин, и
  • да сте на возраст од 18 години или повеќе, и
  • да сте живееле на вашата сегашна адреса во Викторија најмалку еден месец.

Како да се запишам

Пополнете формулар за запишување на англиски јазик (PDF, 1.4MB)

Формуларот за запишување може да се прочита на јазикот на кој што ќе го преземете, но ќе се печати на англиски јазик. При пополнување на формуларот мора да пишувате на англиски јазик.

Треба преведувач?

Ако сакате повеќе информации, можете да се јавите на VEC преку преведувач на телефон (03) 9209 0105.

Контактирајте нè

VEC се наоѓа на Level 11, 530 Collins Street, Melbourne, Victoria 3000.

Можете да се јавите во VEC на 131 832 или пратете електронска порака до info@vec.vic.gov.au.

Ако сте во странство, телефонирајте на +613 8620 1100.