Информации на македонски јазик

Victorian Electoral Commission (VEC) ги води:

  • државните избори во Викторија
  • локалните општински избори во Викторија
  • избори за други организации.

Следни избори

Следните државни избори ќе бидат во сабота 24 ноември 2018 година.

Дали треба да се запишам?

Мора да се запишете и да гласате на адресата на која живеете. Мора:

  • да сте австралиски државјанин, и
  • да сте на возраст од 18 години или повеќе, и
  • да сте живееле на вашата сегашна адреса во Викторија најмалку еден месец.

Како да се запишам

Пополнете формулар за запишување на англиски јазик (PDF, 616kB)

Формуларот за запишување може да се прочита на јазикот на кој што ќе го преземете, но ќе се печати на англиски јазик. При пополнување на формуларот мора да пишувате на англиски јазик.

Треба преведувач?

Ако сакате повеќе информации, можете да се јавите на VEC преку преведувач на телефон (03) 9209 0105.

Контактирајте нè

VEC се наоѓа на Level 11, 530 Collins Street, Melbourne, Victoria 3000.

Можете да се јавите во VEC на 131 832, пратете електронска порака до info@vec.vic.gov.au или на телефакс на 9629 8632.

Ако сте во странство, телефонирајте на +613 8620 1100.

Mолиме рангирајте ја оваа страна од 1 (не помогна) до 5 (многу помогна)