македонски
Државните избори во Викторија ќе се одржат во сабота, 28 ноември..
Кој мора да гласа на државните избори?
Cите австралиски државјани на возраст од 18 години и постари кои живеат во Викторија мора да се запишат за гласање на државните избори во Викторија.
Ако сте станале австралиски државјанин, но сè уште не сте се запишале за гласање, мора да се запишете до 20:00 часот во вторник, 3 ноември.
Голем број луѓе се запишуваат за гласање на церемониите за стекнување државјанство. Ако не сте сигурни дали сте запишани, може да ни се јавите на 03 9209 0105 за да проверите.
Запишете се за гласање
Можете да се запишете за гласање преку интернет (на англиски јазик) или да најдете преведени материјали за помош од Австралиската изборна комисија (Australian Electoral Commission - AEC).
Ако го пропуштите рокот за запишување (20:00 часот во вторник, 3 ноември), вашето име нема да биде на избирачкиот список во гласачкото место. Можете да му кажете на изборниот персонал дека сакате да се запишете и да гласате во гласачкото место. Тие можат да ви помогнат да го пополните формуларот.
Проверете ги или ажурирајте ги вашите податоци
Откако ќе бидете запишани во избирачкиот список, мора да се погрижите вашите податоци да бидат ажурирани. Секогаш кога ќе се преселите, мора да ги ажурирате вашите податоци во избирачкиот список. Ако неодамна сте го смениле името или сте се преселиле, мора да ги ажурирате податоците пред 20:00 часот во вторник, 3 ноември .
Можете да ги ажурирате вашите податоци во избирачкиот список преку интернет (на англиски јазик) за да ја пријавите новата адреса или промена на името.
Дали морам да гласам?
Да. Ако сте запишани во избирачкиот список во Викторија, мора да гласате. Ако не гласате, може да добиете казна од 105 долари, ако немате оправдана причина.
Гласајте предвреме
Гласајте предвреме
Секој може да гласа предвреме на овие избори; не ви треба посебна причина и не треба да пополнувате дополнителен формулар.
Центрите за предвремено гласање ќе бидат отворени од среда, 18 ноември до петок, 27 ноември од 09:00 до 18:00 часот. Центрите за предвремено гласање ќе бидат затворени во недела, 22 ноември.
Гласајте на денот на изборите
Гласачките места на денот на изборите ќе бидат отворени во сабота, 28 ноември од 08:00 до 18:00 часот.
Најдете го најблиското гласачко место на оваа веб-страница од среда, 4 ноември.
На сите гласачки места ќе има упатства за гласање на 29 јазици.
Некои членови на персоналот на гласачките места може да зборуваат и други јазици освен англискиот. Тие ќе носат значка со јазиците што ги зборуваат.
Гласајте по пошта
За овие избори преку интернет може да побарате гласачките ливчиња да ви бидат испратени по пошта.
Барањето може да го поднесете од среда, 4 ноември, до 18:00 часот во среда, 25 ноември.
Гласачките материјали ќе ги испраќаме по пошта почнувајќи од вторник, 10 ноември. Пополнете ги гласачките ливчиња и испратете ги назад во пликот со платена поштарина пред 18:00 часот во сабота, 28 ноември
Како да го пополните гласачкото ливче
За вашиот глас да биде важечки, мора правилно да ги пополните двете гласачки ливчиња.

На помалото гласачко ливче за долниот дом:
- напишете 1 во полето до лицето за кое сакате да победи
- напишете 2 во полето до вашиот втор избор
- напишете 3 во полето до вашиот трет избор
- продолжете со доделување броеви додека сите полиња не добијат број
- користете само броеви.

На поголемото гласачко ливче за горниот дом можете да:
- гласате за групи над линијата така што на најмалку пет полиња ќе им доделите броеви, по редоследот на вашиот избор
или - да гласате за поединечни кандидати под линијата така што на најмалку пет полиња ќе им доделите броеви од 1 до 5, по редоследот на вашиот избор.
- Можете да означите со броеви повеќе од пет полиња ако сакате, но мора да означите најмалку пет за вашиот глас да биде важечки.
Повеќе информации за тоа како да гласате
Ќе бидете надвор од Викторија?
Ако ќе бидете надвор од Викторија од среда, 18 ноември, до сабота, 28 ноември, сепак можете да гласате. Ќе можете да:
- гласате лично во која било канцеларија на изборната комисија во друга држава или територија во Австралија
- гласате лично во кое било гласачко место во странство
- поднесете барање за гласање по пошта и да ни ги испратите пополнетите гласачки ливчиња назад
- поднесете барање за гласање по пошта и да ги вратите гласачките ливчиња во најблиското место за предавање во странство.
Гласачките места во други држави/територии во Австралија и местата за предавање гласачки ливчиња во странство се отворени само во работно време. Нема гласање на денот на изборите (сабота, 28 ноември) во гласачките места во други држави/територии или во местата за предавање гласачки ливчиња во странство.
Кажете ни дека ќе бидете отсутни
Ако ќе бидете надвор од Викторија од среда, 18 ноември, до сабота, 28 ноември, и не можете да гласате предвреме или по пошта, може да нè известите пред да заминете.
Постојат 3 начини да нè известите:
- Јавете се на 03 9209 0105 за да разговарате со нас со помош на толкувач
- Користете го линкот "check my enrolment" за да го пополните формуларот за отсутност од Викторија (на англиски јазик)
- Ако привремено или на неопределено време ќе бидете во друга држава/територија во Австралија или во странство, можете да пополните го формуларот за известување за престој во странство (на англиски јазик) преку AEC.
VoterAlert
VoterAlert е бесплатна услуга за потсетување за изборите преку SMS и имејл. Можете да добивате најнови известувања за изборите и потсетници за гласање (на англиски јазик).
Регистрирајте се за VoterAlert
Кои се кандидатите на изборите
Од среда, 4 ноември, можете да ги побарате лицата кои се кандидираат за избори во вашето подрачје (на англиски јазик).
Кандидирајте се на избори
Ако сакате да се кандидираате на избори, мора да поднесете кандидатура.
Кандидатурите за избори се отвораат во среда, 4 ноември и се затвораат во 12:00 часот напладне во понеделник, 9 ноември:
Дознајте повеќе информации за тоа како да се кандидирате на избори (на англиски јазик)
Пријавување на донација
Секој австралиски државјанин, австралиски жител и секоја организација која има соодветен деловен број може да прави политички донации во Викторија. Соодветни деловни броеви се:
- Австралиски деловен број (Australian Business Number - ABN)
- Австралиски број на компанија (Australian Company Number - ACN).
Донатор не може да донира повеќе од 5.190 долари на еден примател во периодот од 15 април до 28 ноември 2026 година. Ако дадењте или примите политичка донација од 1.290 долари или повеќе, мора да ја пријавите преку нашиот онлајн систем "VEC disclosures". Ова мора да го направите во рок од 21 ден од донацијата. Ако дадете две или повеќе донации од 1.290 долари или повеќе, мора да ја пријавите секоја донација.
Прочитајте повеќе за политичките донации (на англиски јазик)
Што ќе се случи ако не гласате?
Ако немаме евиденција дека сте гласале, ќе ви испратиме писмо за да ве прашаме дали сте гласале.
- Ако сте гласале, кажете ни каде сте гласале за да можеме да ги провериме нашите записи
- Ако не сте гласале, кажете ни ја причината.

На ова известување можете да одговорите преку интернет, со писмо или имејл.
Ако не одговорите или немате оправдана причина зошто не сте гласале, може да треба да платите казна од 105 долари.
Повеќе информации
Ако имате прашање за државните избори во 2026 година, јавете се на >03 9209 0105 за да разговарате со нас со помош на преведувач.